USAID/ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ/ПРОЕКТ ЗА ПРИСТАП НА МИКРОПРЕТПРИЈАТИЈАТА ДО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ/КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТ
Deadline: 20-05-2012
Location: Македонија
Back
Опис на проектот:
Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки е тригодишен проект за зголемување на свесноста на микро и малите претпријатија за можностите што ги нуди пазарот на јавните набавки, снабдување на овие претпријатија со знаење, алатки, вештини и капацитети за тендерските постапки, како и помагање на договорните органи во намалувањето на административните пречки за поголемо учество на микро и малите претпријатија во јавните набавки.
Опис на работното место:
• Целосна координација, планирање и организирање на проектните активности и средства, обезбедувајќи нивно навремено и
квалитетно извршување;
• Обезбедување врска меѓу проектниот тим и засегнатите страни;
• Следење на напредокот и остварувањата на проектот;
• Координација со партнерските организации во Велес и Штип;
• Известување на директорот на проектот за спроведувањето на проектните активности;
• Менаџирање на секојдневната работа на проектните асистенти.
Потребни квалификации:
• Високо образование;
• Најмалку 2 години искуство во координирање на проекти и работење со меѓународни организации и развојни агенции;
• Соодветно искуство во приватниот сектор ќе се смета за предност;
• Јасно изразени организациски, комуникациски и управувачки вештини и познавање на домашните прилики;
• Течност во изразувањето на Македонски и Англиски јазик (зборување, читање и пишување);
• Компјутерска писменост, вклучувајќи познавање на работа со софтвер како MS Office Suite (Word, PPR Excel, etc.);
• Способност за патување и теренска работа низ цела Македонија;
• Возачка дозвола за автомобил;
• Македонско државјанство.
За да се пријавите:
Испратете биографија, мотивациско писмо и две препораки преку електронска пошта на: ccc.macedonia@gmail.com најдоцна до 20 мај 2012 година.
Краен рок: 20 Мај 2012
Back