УСАИД/ ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО - ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА БАЗА НА ПРЕВЕДУВАЧИ
Deadline: 31-05-2012
Location: Македонија
Back
Обезбедувањето на еднакви можности, за сите етнички заедници да имаат еднаков пристап до информации на својот мајчин јазик, е фокус на работата на УСАИД .
Поради тоа, Проектот на УСАИД за Меѓуетничка Интеграција во Образованието има предвидено креирање на листа на преведувачи, кои ќе го поддржат и олеснуваат спроведувањето на проектот, при комуницирање со клучните образовни институции, општини и проектни партнери.
Сите заинтересирани и квалифицирани кандидати кои имаат минимум 5 години искуство за превод Македонски-Албански-Англиски се повикуваат да достават:
- Кратка Биографија (CV)
- Писмо за Интерес
- Понуда која вклучува:
а. Писмен превод (цена по страна -стандард 1800 карактери)
б. Симултан превод (на ден).
Истотака, кандидатите кои имаат познавање и на други јазици од заедниците кои живеат во Македонија( Турски, Ромски, Српски, итн.) се охрабруваат да испратат документи и да аплицираат.
Краен рок: 31 Мај 2012
За повеќе информации кликнете тука
Back