MAC/СО ЕВРОПСКИ ПАРИ ДО НОВ БИЗНИС
Published on: 25-10-2011
Back
Дневник - Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој велат
дека досега се склучени договори за кофинансирање во вредност од приближно 6,5 милиони
евра.
Развој на руралниот туризам, усовршување на млечните капацитети, реконструкција на
шталите, оранжериите и пластениците се само дел од апликациите на земјоделците за
искористување на европските пари од ИПАРД-програмата. Фармерите се исто така
заинтересирани за подигање нови лозови насади, изградба на нови краварски фарми,
пластеници и оранжерии. Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален
развој велат дека досега се склучени договори за кофинансирање во вредност од речиси 6,5
милиони евра. Овие средства всушност се износи од буџетските алокации од 2007 и од 2008
година. Средствата се исплаќаат сукцесивно по завршувањето на инвестицијата од страна на
корисникот. Финансиската рамка за ИПАРД ја сочинуваат 75 отсто пари од ЕУ и 25 проценти
средства од буџетот на Македонија.
Прочитајте ја целата вест тука
Back