MAC/ СО ПРОЕКТОТ „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ ДО ПОДОБРО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ
Published on: 09-01-2017
Back
Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива предвидува прецизно
интерпретирање на регулативата и законските барања во поглед на малите и средните
претпријатија. Проектните активности ќе бидат фокусирани на јакнење на капацитетите
на сите чинители и на воспоставување јавно приватен дијалог кој ќе придонесе за подобро
застапување и лобирање за барањата на овие претпријатија. Сите проектни партнери кои
се вклучени во имплементацијата ќе ги здружат своите капацитети и искуство за дизајнирање
на таргетирани решенија кои ќе придонесат за подобра правна усогласеност.
Водечкиот имплементатор на овој проект е ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, одговорен за
предводење и координација на планираните активности. Клучни партнери во овој проект се
Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски
технологии (МАСИТ) и Стопанската комора на Северо-западна Македонија. За
имплементацијата на овој проект УСАИД во наредните 4 години ќе инвестира
1.902.511 долари...(link)
Back