MAC/УЧИЛИШТАТА ЛУТААТ ДО ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ
Published on: 22-02-2012
Back
www.dnevnik.com.mk - Не знаеме каде да аплицираме за проекти... Никој не нe
информирал, а и не сме обучени да изработиме. Ова се најчестите одговори што
ги добивме од директорите на
училишта во земјава на прашањето: Дали знаат каде и како може да аплицираат за
европските пари наменети за образование? Слично е и во останатите образовни
институции, а неинформираноста и незнаењето на одговорните нe чини мала
искористеност на европските пари наменети за образование. Тоа што една и пол
година Европската комисија ги замрзна средствата наменети за образовните
програми поради сомнение за злоупотреба на европските фондови во Националната
агенција за европски образовни програми и мобилност, исто така нe чинеше многу
изгубени средства. Kолку за споредба, со Хрватска тргнавме од исто ниво кога се
формираа агенциите, но тие досега имаат потрошено повеќе од 6 милиони евра, а ние
230 илјади евра.
Прочитајте ја целата вест тука
Back