Платежната агенција објави нов повик за грантови од 10.000 евра за млади земјоделци, соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски од Кавадрци.Средствата, како што рече Николовски по посетата на пункт за откуп на грозје, се наменети пред се за млади кои сакаат да се занимаваат со сточарство, за набавка на опрема во постбербени активности и за преработка на производи од животинско потекло.
Рокот за аплицирање трае 30 дена, а предност ќе имаат невработени лица повеќе од две години, лица кои имаат земјоделски задруги, кои се занимаваат со органско производство и кои применуваат нови технологии за добра земјоделска пракса.
За повеќе информации кликнете тука