MAC/КОМПАНИИТЕ НЕДОВОЛНО ГИ КОРИСТАТ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ
Published on: 05-03-2012
Back
www.dnevnik.com.mk - Државата да формира национален гарантен фонд преку кој ќе им
помага на компаниите да ги обезбедат парите за учество потребни за европските фондови
или ќе се користи како гаранција за да добијат кредит од деловните банки, бара Стопанската
комора на Македонија.
Државата секоја година плаќа повеќе од 1,5 милион евра за да може македонските фирми да
ги користат европските фондови, но компаниите искористуваат само мал дел од тие пари.
Според податоците што вчера ги презентира Стопанската комора на Македонија, домашните
компании изминатите години искористиле од 8 до 16 отсто од расположливите ЕУ-фондови,
иако имаат на располагање милиони евра.
Прочитајте ја целата вест тука
Back