Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MAC/ ОТПАДНИТЕ ВОДИ ВО БИТОЛСКО ЌЕ СЕ ИСЧИСТАТ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 28-02-2019 Back


  Објавен е првиот тендер за изградба на прочистителна станица во Битола, која треба да го реши   проблемот со екстремната загаденоста на реката Драгор, Петтиот канал и со другите отпадни       води. Проектот ќе биде во две фази: првата за проектирање и изградба на станицата за отпадни     води за агломерација Битола, а вториот за изградба и реконструкција на колекторски систем.

 „До крајот на годината ќе започне изградбата на прочистителна станица за отпадни води во         Битола, проект од 28 милиони евра, а ЕУ преку ИПА програмата ќе додели грант од 21 милион       евра. Пректот е координиран преку Министерството за финансии, а прочистителната станица ќе     опслужува 113.000 жители. Исто така, има и други фази во овој проект, па во Битола ќе се     изгради нова канализациона мрежа од девет километри и ќе се реконструира канализациона       мрежа од 13 километри“, рече Тевдовски.
 

 За повеќе информации кликнете
тука

 
Back