MAC/УТРИНСКИ ВЕСНИК - ВО КАВАДАРЦИ ЌЕ СЕ ГРАДИ МУЗЕЈ НА ХРАНА
Published on: 07-11-2011
Back
Утрински весник - Кавадарци - Музеј на храна и третман на отпадните води се двата проекта на кои ќе
работи Кавадарци во рамки на прекуграничната соработка со Грција.
За проектот „Гастрономски патишта-Кајмакчалан“, Општината аплицираше во фондовите на ИПА
програмата-компонента за погранична соработка во партнерство со општина Воден од Грција. Овој
проект има за цел да го јакне прекуграничниот економски развој, да помогне во развојот на одржливиот
туризам, како и да ги промовира локалните производи меѓу Кавадарци и Едеса, а ќе се дава поддршка
на заеднички погранични активности преку искористување на постојните природни и културни
богатства.
Вкупната вредност на проектот е 250 илјади евра, од кои се предвидени 70 илјади евра за општина
Кавадарци.
Прочитајте ја целата вест тука
Back