MAC/ МУЗЕЈОТ НА ВКУСОВИ ВО КАВАДАРЦИ СТАНУВА РЕАЛНОСТ
Published on: 21-03-2013
Back
www.utrinski.com.mk - Музејот на вкусови веќе станува реалност во Кавадарци. Објектот во кој се
собрани минатото и традицијата на овој град наскоро ќе стане достапен за сите кои сакаат да го
запознаат градот. Зградата на поранешниот младински дом е целосно реконструирана. Веќе се
направени и музејските поставки. Собрани се околу 500 експонати. Се очекува овој музеј,
единствен од таков вид во земјава, да биде атракција за регионот, но и за добронамерниците кои
ќе дојдат во градот на грозјето и виното.
Куќата на вкусовите и мирисот е инвестиција од прекуграничната соработка меѓу Македонија и
Грција во рамките на ИПА-програмата на ЕУ. Партнер на Општина Кавадарци во овој проект
„Гастрономските патишта на Кајмакчалан - Кајмак“, вреден 70.000 евра, е грчката Општина Воден или сегашна Едеса. Локалната самоуправа дополнително обезбеди 1,4 милион денари за изградба на музејот.
Прочитајте ја целата вест тука
Back