MAC/ ВО ЈУНИ НОВ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПАРИ ЗА ИПАРД
Published on: 03-06-2013
Back
www.vecer.com.mk - Во втората половина на јуни годинава објавен ќе биде повикот за доставување барања за
користење финансиски средства од петтата компонента на ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013.
Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, финансиските
средства од овој повик ќе бидат наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно
преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската унија, за инвестиции за
преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктурирање и надградба за
достигнување на стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните
економски активности.
Прочитајте ја целата вест тука
Back