www.dnevnik.com.mk - Нов трактор и атомизер - приклучна механизација за прскање и околу 11.000
евра е епилогот од апликациите за парите од ИПАРД-програмата на европските фондови за
семејството Илиеви од кавадаречкото село Сопот. Механизацијата веќе ја користат, а подготвени
се и за нова апликација на следните огласи.
- Не е тешко да се пополнат формуларите за да се стигне до европските пари, но проблем е што
мора да чекаме за да ги добиеме на сметка. За нас, како земјоделци, најголем проблем се парите
и времето. Сите работиме со кредити за да купиме нешто, ги отплаќаме, а потоа ги чекаме парите
од европските фондови - вели Диме Илиев, сопственик на земјоделска фирма.
Според него, земјоделците не треба да се плашат дека ќе мора да пополнат купишта документи за да стигнат до парите.
Прочитајте ја целата вест тука