MAC/ ОБУКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО ХОЛАНДИЈА
Published on: 20-06-2013
Back
www.kanal5.com.mk- Шеснаесет фармери од Македонија ќе заминат за Холандија на обука за
стекнување стручно образование за управување на земјоделски задруги. Обуката опфаќа
14-дневен престој во Холандија во текот на есента, а ќе се однесува на теми кои се клучни за
воспоставување успешно управување со земјоделски задруги како организациски модели,
трендови и предизвици, претприемништво, поддршка на ранливи групи, како и посета на
задруги. Обуката е финансирана од Европската Унија под акцијата Мобилност - Лица на
пазар и труд - потпрограма Леонардо да Винчи од програмата Доживотно учење.
Прочитајте ја целата вест тука
Back