REG/ UNICREDIT БАНКА ЌЕ КРЕДИТИРА МАЛИ БИЗНИСИ
Published on: 15-07-2013
Back
www.plusinfo.mk Европскиот фонд за југоисточна Европа потпиша договор со банката UniCredit за кредит во износ од 25 милиони евра. "Од овие пари, 15 милиони евра се наменети за кредитирање на микро и мали претпријатија, додека 10 милиони евра ќе бидат наменети за стаменото кредитирање и кредитирање со цел подобрување на условите за домување“, соопшти UniCredit банка.
Претседателот на извршниот одбор на UniCredit за овој регион, Клаудио Цезарио, вели дека се задоволни од соработката со „EFSE“, чија кредитна линија ќе и овозможи на банката да продолжи да ја зајакнува поддршка за микро и малите претпријатија, кои претставуваат еден од клучните двигатели на растот во овие земји од југоисточна Европа.
Прочитајте ја целата вест тука
Back