www.24vesti.mk Искористеноста на ИПА средствата и отворениот оглас за меѓуграничната
соработка меѓу Македонија и Косово, беа главна тема на работната средба на
вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими со министерот за локална
самоуправа Тахир Хани.
На средбата, која е во рамки на ЕУ/ИПА институционалните посети предвидени во
агендата на СЕП - ЕУ 2014, беше нагласено дека средствата се наменети за заеднички
проекти со соседните земји и за регионални проекти со земјите од Југоисточна Европа. Во
рамки на ИПА компонента 2007-2013 има околу 30 милиони евра. Досега има потпишано
финансиски спогодби за околу 27 милиони евра, од кои 18 милиони евра во овој момент
или 65 проценти се потпишани договори.
Вицепремиерот Бесими информира дека разговарале и за реализацијата на отворениот
оглас за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Косово, за кој има околу 3,6 милиони
евра од страна на ЕУ. 1,8 милиони евра се за институции од Македонија и исто толку се
наменети за Косово.
Прочитајте ја целата вест тука