Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MAC/ МОЖНОСТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ГАСИФИКАЦИЈАТА И ВО ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 11-03-2014 Back


 

www.dnevnik.mk Италијански компании се заинтересирани за инвестиции во
 инфраструктурата и во енергетиката во Македонија. Ветуваат поддршка за реализација
 на проектите и преку европските ИПА-фондови.

 Детали за проектите во тие области вчера пред претставници на 30 компании од Италија,
 организирани од Италијанскиот институт за надворешна трговија, претставија
 министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје Kоце
 Трајановски.

 Kлучни проекти за инвестирање и за соработка со италијанските бизнисмени,
 според Јанакиески, се изборот на концесионер за автопатските делници
 Гостивар-Kичево и Скопје-Блаце и претстојната гасификација на скопскиот регион.
 Тој нагласи дека е неопходна голема поддршка од страна на Република Италија за добивање поволни средства за изградба на
 Kоридорот 8 и тој да биде еден од приоритетите на ЕK.

Италијанските компании, како што рече, може да учествуваат на повикот за изградба на 250 километри примарна дистрибутивна мрежа за гасификацијата, што трае до 26 мај.


Прочитајте ја целата вест
тука

 

Back