МАC/ ВО КИЧЕВО ПРЕТСТАВЕН ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ
Published on: 03-03-2014
Back
www.bi.mk Во Кичево беше претставен проектот за подобрување на енергетската
ефикасност, како и користењето на обновливи извори на енергија во
меѓуграничните региони, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА-програмата.
Целта на оваа програма е промоција на развојот на меѓуграничните зони со посебен
акцент во енергетиката, економскиот развој, социјалата и животната средина.
Како специфични цели се посочени подобрувањето на животната средина,
намалувањето на загаденоста во меѓуграничниот регион, како и одбрана на
природните ресурси.
Како партнер на овој проект е југозападниот регион, кој е вклучен во реализација на
програмата. Директорот за развој на југозападниот регион Маријана Лозаноска
информира дека ова административно тело опфаќа 9 општини, меѓу кои и општина Кичево. Оваа програма предвидува заеднички студии во меѓуграничните зони за одбрана и валоризација на природните ресурси во регионот.
Прочитајте ја целата вест тука
Back