Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

МАC/ ПРЕКУ ИПА ПРОГРАМАТА ЌЕ СЕ РАЗВИВА ВИНСКИОТ ТУРИЗАМ

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 01-03-2014 Back


 

www.iris.mk Македонските и бугарските енолози со европски пари ќе развиваат вински
 туризам. Цел на проектот финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична
 соработка е да се искористат искуствата и потенцијалите на винарството од двете
 страни на границата.

 Водечки партнер на проектот во Македонија е здружението „Спектар" од Крива Паланка,
 а од бугарска страна партнери во проектот се здружението „Евроинтегра" и Сојузот на
 енолози на Бугарија.Во проектот се вклучени и претставници од Романија кои
 македонското и бугарското вино веќе почнале да го продаваат во нивната земја.

 Сличен проект Бугарија има реализирано со Романија. Како резултат на проектот веќе е
 издаден прирачник со сите информации за најдобрите европски практики за лозарството
 и винарството, а во тек е мапирањето на сите регионални лозови насади со информации
 за квалитетот на виното за секој регион.

Прочитајте ја целата вест
тука

 

Back