MAC/ ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МИНОР-КОРИТОТО НА КРИВА РЕКА
Published on: 21-02-2014
Back
www.porta3.mk Во Крива Паланка започна изградбата на минор-коритото на Kрива Река.
Неговата изградба е во рамки на проектот „Реките не познаваат граници“, финансиран
од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Проектот се имплементира од страна на општина Дупница, Република Бугарија, како
водечки партнер и општина Крива Паланка како партнер во проектот.
Вкупната вредност на проектот, кој го реализираат општините Kрива Паланка и Дупница,
е околу 500 илјади евра, од кои околу 250 илјади се наменети за активностите во оваа
македонска општина. Останатите ќе бидат инвестирани во речната инфраструктура во
бугарската општина Дупница.
Прочитајте ја целата вест тука
Back