Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

МАC/ РАБОТИЛНИЦА ЗА СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ ВО ТЕКСТИЛНИОТ И КОЖАРСКИОТ СЕКТОР

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 20-03-2014 Back


 

www.kurir.mk Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ) во партнерство со
 Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија
 на Република Македонија (СТКЦ), денеска во Скопје организираат еднодневна
 национална работилница на тема „Национален и европски социјален дијалог во
 текстилниот и кожарскиот сектор во компаниите во Македонија“.

 Работилницата се спроведува во рамки на регионалниот проект Стронг ТЦЛ –
 Силно партнерство за подобар социјален дијалог во текстилниот и кожниот сектор
 во Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија.

 Собирот ќе овозможи презентирање на добри практики и примери како да се подобри
 социјалниот дијалог во Македонија во насока на користење европски елементи, увид во
 перцепцијата за социјалниот дијалог во нашата држава од гледна точка на работодавачи и од гледна точка на синдикат и како подобро да се преговара на бипартитно ниво.

Главна цел на оваа активност е воспоставување корпоративен однос работодавач/сопственик/управител со работниците врз основа на договор, почитување на работничките и човековите права, како основа за зголемена продуктивност, конкурентност и одржливост.

На работилницата ќе учествуваат експерти од Словенија како и претставници од Бизнис конфедерацијата на Македонија и Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Македонија.

Прочитајте ја целата вест
тука

 

Back