MAC/КАНАЛ 5 - ПО 15 ГОДИНИ ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ ТЕАТАР
Published on: 19-12-2011
Back
Канал 5 - Градот на културата доби вистинско културно обележје. По 15 години Гевгелија има театар. Руинираната
зграда е новото театарско гнездо. Градоначалникот Иван Франгов вели дека овој објект е културно светилиште.
- Црквата и театарот не можат да се одделат. И двете служат за хранење на човековата душа, рече Иван Франгов,
градоначалник на општина Гевгелија.
Народниот театар во најјужниот град се реконструираше со околу шестотини илјади евра, од кои 500 илјади се
грант од Европската Унија, а останатите се локални буџетски средства.
Прочитајте ја целата вест тука
Back