MAC/ ТРАКТОРИ ЗА СТОЧАРИТЕ ПРЕКУ ИПАРД
Published on: 14-03-2014
Back
www.mrt.com.mk Преку ИПАРД, сточарите со свое земјиште ќе може да купат трактори за производство на добиточна храна. Со исплата на половина од трошоците ќе може да изградат и нови фарми.
За кофинансирање на трактори, механизација и опрема за употреба на површини со ливади, житни, фуражни култури и подготовка на силажа, земјоделското стопанство треба да произведува и млеко. За да купат тактор со 82 киловати моќност треба да имаат најмалку 5 крави, или 150 овци и 30 кози.
Покрај градба и реконструкција, пари од ИПАРД можат да се побараат и за осовременување на шталите за молзење, исхрана, складирање на ѓубривото и за системи за прскање на кравите за време на големи горештини.
Финансиската поддршка се плаќа со ко-финансирање до 50 проценти на реализирани проекти. Инвестиции се контролираат 5 години и несмеат да се продаваат или отуѓат.
Прочитајте ја целата вест тука
Back