MAC/ РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИПАРД ПРОГРАМАТА
Published on: 26-03-2014
Back
www.mrt.com.mk Расте интересот кај земјоделците за искористување на пари од ИПАРД програмата. На последниот шести повик што заврши во јануари се пријавиле над 680 апликанти, што е зголемување за 3 пати во споредба со претходниот кога имало 214 пријавени.
Првиот човек на агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, смета дека причина за поголемиот интерес се поедноставените и олеснети услови за аплицирање и намалениот број документи. Се што му треба на земјоделецот е добра бизнис идеја, современување на капацитетите и модерна механизација.
Надлежните очекуваат голем број апликации и од струмичките земјоделци. Пред се зашто овој повик се однесува за развој на градинарството, овоштарството и лозарството.Земјоделците до 17 април може да аплицираат по последниот повик за ИПАРД програмата. Заинтересираните ги имаат на располагање советодавните лица од Агенцијата за рурален развој кои ќе даваат инструкции за изготвување на деловниот план.
Прочитајте ја целата вест тука
Back