MAC/ ФИНИШИРА УРЕДУВАЊЕТО НА КЕЈОТ НА БРЕГАЛНИЦА ВО БЕРОВО
Published on: 05-04-2014
Back
Изградбата и уредувањето на кејовите на Брегалница во централното подрачје на
Берово се во завршна фаза.
Со проектот финансиран од ЕУ преку ИПА програмата се регулира водотекот во
речното корито од мостот кај автобуската станица до хотелот „Македонија“ и се
поплочуваат тротоарите. Поставено е и ново осветлување со модерни канделабри.
Во рамки на проектот е изграден и пешачки мост што овозможува подобра комуникација
на граѓаните со Здравствениот дом, Општинскиот суд и други објекти во кои се сместени
повеќе служби на државната и локалната администрација...(link)
Back