MAC/ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ СЕ СТИМУЛИРА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДЕЛЧЕВО И БЛАГОЕВГРАД
Published on: 09-04-2014
Back
За продолжување на проектот Прекугранично вмрежување за одржлив раст" од ЕУ преку
ИПА - Програмата за прекугранична соработка доделени се уште 60.000 евра.
- Со овој проект се стимулира соработката меѓу Делчево и Благоевград преку
организирање заеднички средби и работилници меѓу претставници на локалните
самоуправи, невладини организации и здруженија на граѓани и бизнис-секторот - изјави
македонскиот координатор Тони Стојменовски. Досега преку Регионалниот центар за
застапување од Делчево со европски пари успешно се реализирани пет проектни
задачи, а соработката со партнерите од Регионалната комора за трговија и индустрија ќе
продолжи со нови заеднички проекти...(link)
Back