Дневник - Поголема грижа за културното и за природното наследство кои го поседува
Охрид и негова поголема промоција ќе овозможи проектот за интегриран пристап во
управување на културното наследство во Југоисточна Европа (СУСТKУЛТ), кој
локалната самоуправа ќе го спроведува во наредните три години. Активностите, чија цел
е да ги раздвижат локалната економија и туризмот, освен во Охрид, ќе се спроведуваат и
во Вилавската Долина во Словенија, на Kрф во Грција, во Берат, Албанија и во две
области во Романија.
Според планираното, во рамките на проектот ќе биде изготвен менаџмент-план за
управување на културното наследство, маркетинг-стратегија, како и бизнис-план за
валоризација на исклучителното културно и природно богатство на Охрид.
Прочитајте ја целата вест тука