Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MAC/ ЌЕ СЕ ГРАДИ ЖИЧНИЦА НА ВОДА НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 20-05-2014 Back


 

Првата жичница на вода во земјава, таканаречена кејбл вејк, ќе се гради во Дојран на
 тамошното езеро. Со изградбата на ваква жичница општината ќе ја збогати туристичката
 понуда со скијање на вода, како релативно нова спортска дисциплина кај нас.

 Жичницата ќе се гради со средства од ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу
 Македонија и Грција, односно како заеднички проект на локалните власти од Дојран и од
 грчката општина Kукуш. Предвидено е таа да работи во текот на целата година, а исто
 така ќе бидат поставени и реквизити во вода.

 Според планот на Општина Дојран, жичницата ќе биде дел од кејбл вејк-забавен парк
 каде што посетителите ќе скијаат на вода со помош на специјална опрема. Проектот за
 ваков парк во земјава веќе е одобрен, а ќе се гради откако ќе се комплетира целосната
 документација за него...(link)

 

Back