MAC/ МАРИОВО ИНСПИРАЦИЈА ЗА ГРЧКИ ЛИКОВНИ ТВОРЦИ
Published on: 18-08-2014
Back
www.alfa.mk- Седум ликовни творци од неколу места на Република Грција, десеттина дена ќе се
инспирираат од архитектурата на речиси напуштените мариовски села и од недопрената
природа во битолскиот дел на Мариово. Грчките уметници претстојуваат во Општината Новаци
во рамките на ликовната колонија ``Жива историја- жива природа``, како прекуграничен проект
на соседните општини Новаци и Алмопија.
- Ми се допаѓа целата околина на Новаци, пред се, дивата природа што ја посетивме во регионот
на Мариово. И покрај тоа што нема жители, таму се преубави села со природна убавина- рече
Трендафило Вацис од Кожани, Грција. (link)
Back