Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MAC/ НОВАТА ИПАРД 2 МЕРКА СТАРТУВА ДЕНЕСКА

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 27-01-2015 Back


 

Со 250.000 евра до мај годинава Платежната агенција ќе се подготвува за акредитација
 за новата ИПАРД 2 мерка – инвестиции во руралната инфраструктура.

 Станува збор за твининг проект финансиран од ИПА 2010 што официјално почнува
 денеска, а ќе се спроведува во соработка со словенечката Агенција за земјоделски
 пазари  и рурален развој.

 – Подобрувањето на руралната инфраструктура е еден од највисоките приоритети на
 Владата за што придонесува за подобрување на стандардот на земјоделците, на
 пазарната конкурентност и ефикасност, како и за зголемување на заштитата на
 животната средина и вработувањето во неразвиените подрачја, истакна министерот
 за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

 Според него, македонскиот земјоделски рурален сектор се соочува со значајни
 предизвици во однос на можностите за квалитетно производство, конкуренција на
 регионалните, европските и меѓународните пазари, подобрувањето на квалитетот
 на живеењето, како и отворање нови работни места. Оттука, вложувањето во руралната
 инфраструктура е клучно.

– Целта на оваа ИПАРД 2 мерка е да овозможи добра средина за развој на руралната економија преку изградба на селски патишта и улици, управување со водите за пиење и отпадните води, обезбедување со енергија и други активности, подвлече министерот.

Околу 80 проценти од територијата на Македонија, додаде, се рурални подрачја, а потенцијални корисници на новата ИПАРД мерка се руралните општини и јавните претпријатија за стопанисување со шумите и пасиштата...(link)

 

Back