Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MAC/ ПРОДОЛЖУВА РЕГУЛАЦИЈАТА НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА ВО ДЕЛЧЕВО

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 03-07-2015 Back


 

Во рамките на проектот „Мерки за заштита од поплави на реките Брегалница и Бистрица“
 финансиран преку ИПА - Програмата за прекугранична соработка на Европската унија,
 во Делчево продолжуваат градежните работи за регулацијата на Брегалница, пишува МИА.

 Реализацијата на целиот проект е предвидено да трае две години, а вкупната сума за
 регулација на реките Брегалница во Делчево и Биистрица во Благоевград, Република
 Бугарија, изнесува 500.000 евра. Од нив за регулацијата на речното корито во централното
 градско подрачје на Брегалница во Делчево ќе се потрошат 239.813 евра , а остатокот за
 регулација на реката Бистрица во Благоевград.

 Регулацијата на Брегалница е дел и од програмата за работа на градоначалникот на
 Делчево, ветена на граѓаните пред неговиот избор на функцијата на последните локални
 избори.

Покрај заштитата од поплави со регулирање на коритото на Брегалница, граѓаните на Делчево ќе добијат и нови шеталишта по кејовите во должина од 70 метри од двете страни на реката...(link)

 

Back