Бизнис-секторот секогаш е подготвен да поддржи добри иницијативи од граѓанските
организации, но тие не се доволно активни или се слабо информирани за можноста да добијат
донации, беше истакнато на вчерашната средба што ја организираа Стопанската комора на
северозападна Македонија (СКСЗМ) и фондацијата „Албиз“
- НВО-секторот не аплицира со добри, конкретни проекти кај бизнис-заедницата. Доколку го
стори тоа, сигурно би добил поддршка независно во која сфера работи. Моментно најмногу
донации се даваат за хуманитарни цели, а ги примаат директно физички лица. Притоа,
предничат верските заедници и културните манифестации, а дури потоа се невладините
организации. На нив отпаѓаат само десет отсто од вкупните донации што се одвојуваат воопшто
во граѓанскиот сектор - изјави извршниот директор на „Албиз“, Илир Идризи... (link)