Работни обврски
- Организација и ефективна подготовка на внатрешната и надворешната документација, контрола над исполнувањето
на решенијата и поставените задачи од страна на претпоставените работници;
- Контрола за почитување на интерните акти за движење на документите и други внатрешни нормативи, кои се однесуваат
на документацијата на Друштвото, регистрација на документите и благовремено информирање и запознавање на
вработените со документите и поштата, организација на работата на архивата. Доколку е потребно- вршење и на курирски услуги.
- Администрирање на специјализиран софтвер за електронска евиденција и архивирање на целокупната документација во Друштвото.
- Организира и одговара за уредно и безбедно чување на документите и водење на архива во дирекција, складот за нафтени деривати
и на бензиниските станици во согласност со законските прописи на Република Македонија.
- По потреба организирање на средби со јавните медиуми, општествени организации
и граѓани за информирање за дејноста на Друштвото.
- Вршење анализа над административните и општите трошоци и давање предлози за нивна оптимизација.
- Во рамки на утврдениот буџет собира нарачки, врши набавка на канцелариски и санитарно-хигиенски производи, пијалаци, инвентар
за потребите на дирекцијата, нафтената база и бензинските станици, врши контрола за нивно рационално користење, набавка,
евиденција и чување на репрезентативен материјал, сувенири и евиденција на нивно трошење.
Услови кои треба да ги исполнува апликантот
- Високо образование - Економски или Правен Факултет
- Работно искуство- 3 Години
- Познавање на MS Office, MS Excel;
- Одлично познавање на англиски јазик, предност познавање на руски јазик,
- Уредност, одговорност, чесност.
Краен рок за пријавување 20 Мај 2013
Прочитајте ја целата информација во денешното издание (15 Maj) на весникот Дневник, број 5166, стр. 37