МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ/ КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО СТРАНСТВО
Deadline: 31-12-2013
Location: International
Back
Опис
Министерството за образование и наука за академската 2013/2014 година ќе додели стипендии за академски студии од втор циклус за студенти примени на академски студии на реномирани универзитети од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката.
Подобност
- Кандидатот да има завршено додипломски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат солиден
успех или да има нострифицирано диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство
- Кандидатот да е примен на академски студии од втор циклус прв пат во прва година во академската 2013/2014 година на еден од
реномирани универзитети од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и
музиката, согласно листата на реномирани универзитети во прилог на овој Конкурс
- Кандидатот да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата,TOEFL, IELTS, DELFT или нивен
еквивалент за соодветното јазично подрачје, освен за кандидатите кои дел од своето средно образование го завршиле на јазикот
на кој се изведува наставата
- Да не е корисник на стипендија од други даватели
- Да е државјанин на Република Македонија
Deadline: 31 декември 2013 година
За повеќе информации кликнете тука
Back