MAC/ ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ПОЧНАА ТРКАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ОД СОНЦЕ
Published on: 10-06-2019
Back
Објавен првиот тендер за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, денеска, во Стопанската комора на Македонија, пред потенцијалните инвеститори детално го презентираше јавниот оглас со кој може да се конкурира за 11 парцели на државно земјиште во Свети Николе и Македонски Брод. Земјиштето може да се користи на 50 години, а отворањето на понудите ќе биде на 21 август годинава
Заради големиот интерес на домашни и странски компании за изградба на фотонапонски електрани објавен е првиот јавен повик за изградба на вакви електрани на државно земјиште во Свети Николе и Македонски Брод, со инсталирана моќност од 35 мегавати. Закупот на земјиштето ќе биде даден на користење до 50 години за вкупно 11 парцели. Во Свети Николе може да се гради централи до вкупно 25 мегавати, а Македонски Брод до 10 мегавати. За да им олесни на потенцијалните инвеститори државата веќе ја има обезбедено потребната инфраструктура, а завршени ќе бидат и сите потребни административни постапки додека на компаниите останува да изготват само основен проект и еколошки елаборат.
За повеќе информации кликнете тука
Back