Денеска во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и
корупција, Раководителката на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на
Европа во Скопје, Лејла Дервишагиќ ја предаде донацијата во техничка опрема наменета за
Надворешниот механизам за контрола.
Опремата се состои од 8 лаптопи, 3 принтери, 3 скенери и 1 мулти-функционален уред за
скенирање и печатење, во вредност од над 24,000 ЕУР. Обезбедена е преку заедничкиот проект
на Европската унија и Советот на Европа за „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот
систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”.
За повеќе информации кликнете тука.