Со овој настан, ја заокружуваме првата фаза од социо-економскиот гранд за медицинска опрема
во вредност од 813 илјади евра. Ова е програма создадена од јапонската влада наменета за
помош за пријателските земји.
– Јапонија е секогаш покрај нас кога ни е потребна помош, како што беше мигрантската криза,
кога ни обезбеди 4,7 милиони евра, поплавите во Скопје во 2017 година, кога донираше опрема,
како и сега во услови на пандемија. Преведено во средстава, тоа би значело вкупно околу 421
милион евра, пари на даночните обврзници на Јапонија, кои се имплементирани преку
финансирање на разни проекти за подобрување на животот на нашите граѓани, рече Маричиќ, кој
упати благодарност до Амбасадата на Јапонија, до јапонската Влада и особено до јапонскиот
амбасадор во нашата земја Хиронори Савада.
За повеќе информации кликнете тука.