ЕУ дава финансиска поддршка за граѓаните да патуваат полесно и побезбедно, а компаниите
побрзо и поефикасно да ги транспортираат своите производи, за поголем придонес во
економскиот развој на земјата.
Со грантот од ЕУ во висина од 35,4 милиони евра, се гради Дреново – Градско на ниво на
експресен пат кој ќе ги задоволи сите сообраќајни и безбедносни стандарди. Ова е проект од ИПА
2 програмата, за периодот 2014-2020, која има алокација од 664 милиони евра, европски пари. Од
достапните алокации реализацијата на склучени договори е 80,30%.
За повеќе информации кликнете тука.