Претставници од општините: Битола, Велес и Штип на 5 март 2022 година, во административната
зграда на ЗЕЛС, потпишаа договори за примање на донација на лаптопи за учениците од
социјално ранливи семејства. Во договорот, исто така е утврдено дека децата кои ќе ги користат
овие електронски уреди ќе добијат и соодветна обука за дигитална писменост. Општините, овие
лаптопи ќе ги предадат во трајна сопственост на училиштата кои се во нивна надлежност. Од
вкупно обезбедените 48 лаптопи секоја општина доби по 16 уреди.
Целта на донацијата е се задоволат образовните потреби на учениците од социјално ранливи
семејства, односно да се овозможи нивно активно вклучување во процесот на дигиталното учење,
чија примена е се позастапена во образованието во нашата држава. Донацијата е обезбедена во
рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, имплементиран од ЗЕЛС и Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ (НАЛАС), во соработка со ГИЗ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој.
За повеќе информации кликнете тука.