Како резултат на добрата соработка на општина Битола, со Амбасадата на Франција и почесниот
конзулат во Битола, возниот парк на територијалната противпожарна единица во Битола е
дополнет со три возила и друга опрема за интервенција при шумски пожари. Донацијата доаѓа од
Асоцијацијата „Working together“, од Франција, а нивни обучувачи, изминатите денови, вршеа
обука на битолските пожарникари за ракување со доставената опрема. На денешниот настан, на
кој беше промовирана оваа донација, свое обраќање имаше Амбасадорот на Франција, Н.Е Сирил
Бомгартнер.
Со примањето на донацијата од Република Франција, општина Битола, ги зајакнува своите
капацитети во противпожарната заштита, истовремено продлабочувајќи ја соработката со
здружението „Working Together”, започната во 2009 година.
За повеќе информации кликнете тука.