Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ПРЕГЛЕД НА НАЦИОНАЛНИОТ СИСТЕМ ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 29-09-2022 Back

 

 

 


 

 

Преглед на националниот систем за кариерен развој во Северна Македонија

 


 

 

Европската фондација за обуки (ЕТФ) направи преглед на националниот систем за кариерен развој во Северна Македонија во периодот од декември 2021 до мај 2022 година.


Прегледот вклучи сеопфатно мапирање на законодавната, стратешката и институционалната рамка во земјата, како и две работилници со клучните засегнати страни. Првата работилница се одржа онлајн, на 3 февруари 2020 година. Втората работилница се одржа на 11 април 2022 година, исто така онлајн. Клучните институции со мандат во областа на кариерниот развој зедоа учество на работилниците и дадоа свој придонес во прегледот на националниот систем за кариерен развој.


Меѓу другите, на работилниците учестуваа и претставници од Министерството за образование и наука (МОН), Агенцијата за вработување (АВРСМ), Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), Центарот за образование на возрасни (ЦОВ), Бирото за развој на образованието (БРО), Министерството за труд и социјална политика (МТСП), како и социјални партнери и голем број граѓански организации кои се активни во сферата на образованието, вработувањето и младите.


Клучни наоди и препораки од националниот преглед:


Системот е во рана фаза на развој и во моментов не постои јасна идеја за тоа што претставува кариерен развој, или со други зборови, кои активности и услуги се, а кои не се дел од кариерниот развој. Развојот на националниот систем би имал огромна придобивка доколку постои поширока дебата со активно учество на клучните засегнати страни, од каде би произлегле јасни насоки по ова прашање.


Во моментов не постои конзистентна терминологија за кариерното советување. Различни закони и стратешки документи користат различна терминологија, како што се професионална ориентација, кариерен развој итн. Иако значењето на овие поими може да се поврзи само по себе, сепак некористењето на идентична терминологија за сите активности поврзани со оваа тематика остава простор за  несоодветна интерпретација во даден момент. Од огромно значење за развојот на целокупниот систем за кариерно советување би било утврдувањето на клучната терминологија.


Не постои јасно или заедничко разбирање за профилот и потребните компетенции на стручните лица за кариерно насочување. Некои закони и стратешки документи ја потенцираат „суштинската улога“ на психолозите и педагозите, што пак укажува на тоа дека кариерното насочување е пред сè процес на психосоцијална и емоционална самосвест. Се чини дека на овој начин се потценува важноста на познавањето за пазарот на трудот, кое е исто така неопходно за оваа област.


Постојат
многу малку податоци за кариерното советување, кои всушност мерки и активности се спроведени и ефектите кои се постигнати од истите. Ова особено се однесува на образованието, каде што училиштата напредуваат со активностите на ова поле. Затоа, потребни се значителни напори за следење, известување, документација и евалуација во овој поглед.


Нема податоци за тоа како барателите на работа ја наоѓаат истата, какви кариерни совети им се потребни на барателите и како доаѓаат до потребните информации. Во овој поглед, потребни се повеќе истражувања кои ќе се потпираат врз постоечки податоци добиени на подолг рок, со кои ќе се отфрлат некои трендови кои се релевантни на среден рок. Литературата изобилува со информации дека побарувачката на услуги за кариерно насочување секојдневно се зголемува. Ова тврдење е можеби релевантно за повеќето развиени земји, но во Северна Македонија нема никакви податоци за тоа каков вид на кариерно насочување им е потребен на луѓето и каде можат да го добијат истото. Постојат некои делумни податоци за понудата на кариерното советување. Сепак, нема податоци колкава е побарувачката за кариерно насочување. Ова е област за која е очигледно дека се потребни подетални податоци.


Прегледот на ЕТФ е значаен придонес во понатамошниот развој на системот за кариерниот развој во земјата. Резултатите од прегледот ќе придонесат за имплементација на Младинската гаранција - финансирана од ЕУ во земјата, како и на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во следниот период.

 

Извештајот е достапен на следниот линк: https://www.etf.europa.eu/en/document-attachments/career-development-support-system-review-north-macedonia .

 

 

 

Back